Секоја религија со себе носи категорија на личности кои
се сметаат за носители на божјото слово, односно медиуми на комуникација меѓу
луѓето и Бог.
Попови, оџи, и разни други свештеници ја претставуваат
врската преку која обичниот човек
ги восприема ултимативните човечки закони и заповеди.
Мојсеј пред својот народ принел прилично радикален сет од
правила, и тоа дел од нив денес со сигурност би можеле да тврдиме
дека се навистина опресивни.
Бидејќи божјата реч се смета за апсолутна вистина и конечна архетипизација на човечкиот
стремеж тогаш зборовите кои овие луѓе ги изустуваат сигурно се вистина,
или барем нивната авторитативност е невозможно да биде ставена под знак прашање.
Како теолози и познавачи на Бог, или барем неговите
зборови
овие луѓе се сметаат за покадарни кога станува збор за
интерпретација на Неговите команди.
Со оглед на тоа дека постојат многу религии кои се
разликуваат меѓусебно, и сите од нив налагаат дека токму таа е вистинската, тогаш
доколку
прифатиме дека барем една од нив навистина Е вистинската, тогаш сите останати кои ќе претпоставиме дека барем во еден
аспект се разликуваат од вистинската, не’ се, па апропо сите останати "божји
луѓе" всушност го базираат својот авторитет на лага.
Ако ја прифатиме оваа претпоставка, тогаш се поставува
прашањето, who watches the watchmen?
Кој регулира дали она што го кажал авторитетот е
навистина така?
А сега, од оваа тема ќе се префрлиме на нешто поопипливо.
Социјален договор. Што претставува фразата социјален договор?
Што е договор? Пример за вид на договор би било
согласност да се дадат пари за некоја услуга. Или да се изврши услуга во замена
за друга.
Во принцип, може да се каже дека договор е врска меѓу
барем две страни која се заснова на сет од логички принципи со цел договорот да
се спроведе или раскине.
Во најпроста
форма, договорот налага согласност од најмалку две страни за извршување на
одредени активности кои ги тангираат обете страни.
Додека социјалниот договор бил постулиран уште во стара
Грција, првата форма на
правилно оформено теоретизирање на оваа тема се јавува во 17тиот век во
Британија и Франција.
Низ историјата, во поголемиот дел од времето општеставата
не се базирале на овој принцип туку луѓето биле присилувани да и слугуваат на
државата со помош на воена моќ, религија итн.
Ваквиот систем, посебно оној кој ја користел религијата
со цел да ги подведе луѓето под своја команда било незамисливо да се контрира
бидејќи се сметало дека е даден од Бога.
Водени од инквизитивен став према ваквиот режим во 17тиот
век интелектуалната фела во која се вбројуваат Русо, Лок и Хобс почнува да
размислува и твори на тематика Социјален договор со цел да се дефинира
потребата за постоење на државата.
Хобс револуционерно тврдел дека сите луѓе се
фундаментално еднакви, и еднакво способни да се убијат меѓусебно. И ова е
проблематично, бидејќи истовремено Хобс постулирал дека луѓето се фундаментално
слободни.
Ваквото општество би било страотно хаотично, бидејќи
луѓето ја експлоатираат својата слобода, односно ја пропагираат на сметка на туѓата.
За среќа, луѓето се горе - доле, рационални. И на ваквиот начин на размислување се
базира и социјалниот договор.
Според Хобс, луѓето даваат согласност да се создаде
лидер, водич, монарх кој во своите раце раководи со масата, ќе ја гарантира
нивната безбедност додека за возврат тие ќе се откажат од сите свои слободи.
Овој режим е авторитативен, и затоа е и рефиниран од
страна на други мислители. Хобс смета дека доколку монархот навистина се
постави опресивно тогаш народот скоро сигурно ќе се побуни. Дали навистина е
така или сепак дејствувањето на
повеќето народи повеќе соодведствува со
поговорката "наведната глава сабја не сече"?
Џон Лок не се согласува со ваквото апсолутизирање и вели
дека мора да постои ограничување, односно допуштање масата да ги задржи своите
основни човекови права и згора на тоа, вели дека тој договор не може да трае
вечно.
Тенденцијата
на поединци во состојба на правна и економска надмоќ да акумулираат и
натрупуваат дополнителни резерви на богатство и моќ, потпомогната од начинот на
кој функционира капиталистичкото општество во својот краен стадиум дефинитивно
претставува темелник на опресивна власт.
Долгорочно, власт која не е опресивна на старт може да ги
модифицира законите на начини кои и' прилегаат со цел да го засили стисокот
околу својот народ.
Таквата власт е способна постојано да го засилува својот
имиџ на авторитет и ултимативно решение до степен на диктатура. Бидејќи е
раширена и доминантна, способна е да врши притисок врз секаква критичка мисла
низ пропаганда и слично.
Доколку е така, тогаш и овде станува збор за некој вид на
"божествено право", и ако е така, тогаш кој ги ги регулира овие
пастири?
Who watches the Watchmen?
(Прелиминарниот текст е за
прв пат напишан на одреден интернет форум, од истиот автор.)
No comments:
Post a Comment