Начинот на кој
мнозинствата имаат тенденција да ги третираат малцинствата и начинот на кој
малцинствата возвраќаат на опресијата е застрашувачки, но она што навистина
делува запрепастувачки е колку само тоа станува се понормално и поприфатливо во
очите на секоја наредна генерација.
Денес, низ дни
кои во тој аспект непромислено ги именуваме како мирни, скоро како да
забораваме на проблемот кој со децении се провлекува а воедно се користи и како
механизам за водење дрска студена војна на штета на животите на обичниот
граѓанин.
Поделбата на
главниот град на “наша”
и “нивна” страна и притоа активното гетоизирање на северниот дел на Скопје се само
дел од многуте социјални вулгарности кои се накалемија врз нашето секојдневие.
Училиштата се
делат на оние во кои се запишуваат исклучиво македонски деца и училишта во кои
доминираат останати етникуми. Во случаи кога две такви училишта се во
непосредна близина,
Конфликтот
помеѓу учениците припадници на различни националности потхранет од политичка
пропаганда е неизбежен.
Сепак, јавноста одбира да го игнорира овој реален
проблем додека тој учтиво тропа на вратата и накратко и несмасно го лекува само
во случаи кога проблемот насилно ја урнува таа врата заедно со рамката, како
што беше случајот во Смилковци.
Тепачките кои
често настануваат помеѓу албански и македонски деца низ автобусите на ЈСП а за
кои приватните пропагандни гласила на власта не известуваат се уште една
несериозно сфатена тема, бидејќи сепак станува збор за деца кои инаку за време
на избори би биле утилизирани за дестабилизација и попречување на изборниот
процес доколку се јави потреба при водењето на валканите игри на политичката
фела.
Тихата
сегрегација несомнено е реален феномен во нашата држава, присутен насекаде и
како
таков е факт со кој мора да се соочиме и проблем
кој мора да го препознаеме, демаркираме a потоа да започнеме со негово решавање.
Она што мора
да го прифатиме како реалност е дека ниту власта ниту опозицијата немаат интерес
за решавање на овој конфликт, напротив тие и понатаму ќе се залагаат за ваквиот
статус бидејќи ползуваат од класа граѓани кои можат во секој случај да ја
користат не само за заплашување на масата туку и да ја жртвуваат во финален акт
на квази - патриотизам.
Македонија е
жртва на ужасен модел на кохабитација, првенствено бидејќи е кованица и нус
производ на налудничаво грабање на власт. Неконтролираното доселување на
350.000 бегалци од Косово и нивното легитимирање спроведено од страна тогашната
власт резултираше со воен конфликт кој дополнително ја прошири бездната помеѓу
завојуваните страни.
Како резултат
беше исфорсиран договор кој подоцна, во 2004та година беше ставен во акција со
територијалната прераспределба со која Скопје стана половина ”наше” и половина “нивно”.
Од таа точка,
оние кои првенствено играа во сценариото 2001 постепено се здобиваа со фотељи и
како секој типичен политичар, заборавија на својот народ, станаа зачетници на
албанската политичка фела.
Не постои
сомнеж дека обете страни имаат удел во ситуацијата. Нетрпеливоста де факто
постои и кај македонците, и кај албанците. Демолирање на локали во кои се пушта
македонска музика и претепување на 13 годишни деца на кејот по завршувањето на натпревар
на ФК Вардар.
Ова се нешта кои не смееме да продолжиме да ги
преспиваме, чекајќи да бидат корегирани од дебелите бирократи. Нивните
милионски автомобили и вили се отпорни на екот на незадоволство кој извира од
нивните сограѓани. Сиромаштија, глад, невработеност и поплавен дом се поими кои
за нив немаат значење, ниту пак ги интересираат нивните последици.
На таа основа
и ќе останат неемпатични игнорамуси кои го гледаат својот народ единствено како
бројка, рид од трупови преку кои се качуваат на власт.